Ѕвездата на Челси, Еден Азар признава дека го фрустрира неговиот тренер Маурицио Сари, како и сите менаџери под кои играл, но додава дека нема да го смени својот стил на игра.
Зборувајќи во интервју за „Франс фудбал“, 28-годишниот Белгиец зборуваше отворено за барањето на тренерите и зошто тој не го прави тоа.
„Не го фрустрирав само Конте. Во мојата кариера ги фрустрирав сите менаџери, сега го нервирам Сари. И Мурињо беше фрустриран. Сите мислеа дека јас треба да постигнувам повеќе голови, да правам нешто поинаку. Но, ќе го фрустрирам и мојот следен менаџер и тоа нема да се смени“, вели Белгиецот.
Коментарот околу „следниот менаџер“, секако, повторно ќе ги крене шпекулациите околу неговиот трансфер во Реал Мадрид, откако тој неколку пати изјавуваше дека му е сон да игра за „кралскиот клуб“.
Во текот на викендот, самиот Сари пак, влезе во остар напад на своите фудбалери велејќи дека е лут поради тоа што тие не ги следат неговите упатства, порачувајќи им дека „можеби не се за игра на ова ниво“.
Сари збесна на играчите на Челси: Не заслужуваат да играат на ова ниво