Top Sport

Шпанците го „прегазија“ Бразил, Норвешка со „стапица“ за Швеѓаните

Шпанија, за разлика од Хрватска, не дозволи Бразил да направи нова сензација, победувајќи ги со 36:24 за да ги заддржат шансите за пласман во полуфиналето на СП во Германија и Данска и да ја искомпликуваат ситуацијата во групата Е.

Со победата, Бразил дефинитивно нема шанси за пласман во полуфиналето, а сега вечерва Хрватска мора да го изненади домаќинот Германија ако сака да ги заддржи шансите за пласман, а и Шпанците во последното коло играат со Германија.

Феран Соле повторно беше најсилна алка во играта на Шпанците, со шест гола, а по пет постигнаа Кањелас и Арино. За Бразил, Лантаро и Нантеш имаа по четири гола.

Во групата Ф, Швеѓаните го загубија својот прв меч на Мундијалот, откако Норвешка ги изненади со 30:27 за трите нордиски репрезентации, заедно со Данска да останат во игра за пламсан во полуфиналето.

СП РАКОМЕТ ГЕРМАНИЈА/ДАНСКА

ГРУПА Е

Шпанија – Бразил 36:24 (19:13)

Хрватска – Германија 20.30 ч.

Табела: 1.Франција 7, 2.Германија 5, 3.Шпанија 4, 4.Хрватска 4, 5.Бразил 2, 6.Исланд 0

ГРУПА Ф

Шведска – Норвешка 27:30 (14:17)

Египет – Данска 20.30 ч.

Табела: 1.Данска 6, 2.Шведска 6, 3.Норвешка 6, 4.Унгарија 3, 5.Египет 1, 6.Тунис 0

Scroll to Top