Top Sport

Азиз лажел дека е болен и заминал на Малдивите, Галата ќе го продава!

Турскиот бек Сердар Азиз најверојатно ја заврши кариерата како фудбалер на Галатасарај, откако се обиде да го измами клубот за да отиде на Малдивите.

28-годишниот Азиз го пропуштил мечот против Сиваспор поради „проблеми со стомакот“, но потоа бил откриен од Инстаграм профилот на неговата сопруга Тугџе Азиз, која постави фотографија од него на плажа на Малдивите.

Во Галата, нормално, беа лути на оваа одлука на фудбалерот кој помина низ академијата на клубот и секогаш ја имал поддршката и го поставија на трансфер листата.

Scroll to Top