Top Sport

Проблеми со повредите за Надал? Шпанецот се повлече од Абу Даби

Светскиот рекет број 2, Рафаел Надал ги загрижи своите фанови откако реши да се откаже од мечот за трето место против Карен Хачанов на Мубадала шампионатот во Абу Даби за да се фокусира на подготовките за Австралија опен.

Шпанскиот ас загуби во три сета од Кевин Андерсон во полуфиналето во својот прв меч по повлекувањето од полуфиналето на САД опен против Хуан Мартин дел Потро на 7 септември, по што отиде на операција на десниот зглоб на раката.

„Нема да играм, ќе паузирам неколку дена пред новата сезона. Беше целта да се дојде тука и тоа го исполнив. Не можам да им се заблагодарам доволно на организаторите за разбирањето. Кога си толку блиску до операцијата нормално е да имаш болки, но искрено бев задоволен од мојата игра“, изјави Надал.

Scroll to Top