Top Sport

„Азпиликуета има голема среќа што е во Челси, не е добар дефанзивец!“

Капитенот на Челси, Цезар Азпиликуета има „многу среќа“ што е во клуб како Челси, бидејќи воопшто не е добар дефанзивец, вели поранешниот тренер на Мидлзборо и Шефилд јунајтед, Нил Ворнок.

32-годишниот бек стана првиот фудбалер во историјата кој ги освои сите големи трофеи во фудбалот, откако Челси ги совлада Палмеирас во Светското клупско првенство, но тоа не го импресионира Ворнок.

„Да бидам искрен, мислам дека Азпиликуета има многу среќа што е во клуб како Челси. Не мислам дека е добар дефанзивец. Понекогаш во фудбалот најпотребна ти е среќата и тоа момче имаше малку повеќе среќа да биде на вистинско место во вистинско време. Тоа е најпотребното во фудбалот, малку среќа за да си успешен“, вели Ворнок.

Азпиликуета пристигна во Челси во 2012 година, и со нив освои две титули од Лигата на шампионите, две од Премиерлигата и една од ФА купот.

Scroll to Top