Top Sport

Мекинро: Никој немаше елеганција на теренот како Федерер

Американската тениска легенда, Џон Мекинро смета дека присуството на Роџер Федерер многу му недостасува на модерниот тенис, бидејќи тој е „најелегантниот“ тенисер кој било кога фатил рекет.

„Како фан на овој спорт, навистина би сакал да го видам уште малку на АТП турнејата. Не смееме да заборавиме дека има 40 години и дека беше на неколку операции последните две години и не е лесно да се вратите на толку високо ниво. Но, истото го мислев и кога отсуствуваше шест месеци во 2016 по поразот од Милош Раонич на Вимблдон. Сите мислевме дека е ‘готов’, но тој се врати и го освои Австралија опен. Веќе покажа дека е способен за неверојатни подвизи, но ова би бил најголемиот. Не сум видел тенисер со поголема елеганција на тенискиот терен“, вели Мекинро.

Швајцарецот одигра само 13 меча во 2021 година, забележувајќи девет победи и четири порази, а на омилениот Вимблдон загуби во четврт-финалето. Рафаел Надал веќе се одвои на 21 гренд слем титула, една повеќе од него, и ако му дозволат речиси сигуро ќе биде поминат и од Новак Ѓоковиќ, но тоа не го намалува статусот на GOAT (Greatest of All Time) кај дел од тениските фанови.

Scroll to Top