Top Sport

Азпиликуета удри по Лампард: Под Тухел, сите работи се подобрија

Ветеранот Цезар Азпиликуета не жали по отпуштениот менаџер на Челси, Френк Лампард, посочувајќи дека под неговиот наследник Томас Тухел „се станало подобро“ на „Стемфорд бриџ“.

Челси беа во резултатска криза кога Лампард доби отказ на крајот на јануари, на деветтото место во Премиер лигата со лоша низа резултати, а откако дојде Тухел, тимот стигна до четири победи во првите шест меча и скокнаа на петтото место. Капитенот Азпиликуета вели дека разликата е јасна.

„Пред шест недели не бевме на најдобро место. Сега, со Тухел сите работи се подобрени. Тимот има подобро чувство, и иако резултатите во Премиер лигата немаат врска, убаво е вака да се пристигне на меч од Лигата на шампионите. Со новиот тренер се обидуваме да ја контролираме играта, со и без топка. Резултатите едноставно не беа добри. Френк беше мит како фудбалер и имав среќа што ја делев соблекувалната со него и што работев како тренер, но Роман Абрамович ги носи одлуките за промена“, вели Азпилкуета.

Под Лампард, и покрај тоа што беше капитен, Шпанецот не се изнаигра, бидејќи менаџерот го преферираше Рис Џејмс.

„Кога некој е навикнат да игра, станува компликувано кога е на клупата. Тоа не беше посакуваното сценарио за мене, но го почитував тренерот и се обидував да помогнам. Како капитен морав да мислам на тимот пред на моите чувства бидејќи не сум себичен фудбалер“, објаснува Шпанецот.

Scroll to Top