Top Sport

Б-тимот на Ливерпул загуби убедливо од Стразбур

Еден ден по победата над Манчестер сити во Комјунити шилд натпреварот, тимот на Ливерпул повторно беше аткивен, овојпат во пријателски меч со францускиот Стразбур, во кој со Б-тим доживеа тежок 0:3 пораз

Без повеќето стандардни првотимци, „црвените“ успеаја да примат дури три гола во првите 21 минути игра.  Адриен Томасон уште во 4. минута на „Енфилд“ ги донесе Стразбур во водство,  за десет минути подоцна, Хабибу Дијало да зголеми на 0:2. Томасон во 21. минута ги постави конечните 0:3.

Scroll to Top