Top Sport

Бадељ и Кореа ќе го засилат Лацио

Милан Бадељ и Хоакин Кореа во наредните денови ќе станат нови играчи на Лацио, потврдил тренерот на римскиот клуб Симоне Инзаги.

Хрватскиот репрезентативец Бадељ, во Лацио доаѓа како слободен играч, откако му заврши договорот со Фиорентина. Кореа се враќа во Италија, откако две сезони мина во редовите на Севилја.

„Бадељ ќе ја подобри нашата игра, додека Коре ќе биде замената за Фелипе Андерсон“, рекол Инзаги.

Тренерот на Лацио, исто така рекол дека имал разговор со најголемата ѕвезда во тимот, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој му кажал дека сака да остане во Рима, иако интерес за него покажуваат најголемите европски клубови.

Scroll to Top