Top Sport

Една етапа го дели Томас од остварување на сонот

Џерен Томас возачот на тимот „Сакј“, се наоѓа на чекор до најголемиот успех во кариерата, триумф на најпрестижната трка во светот на велосипедизмот „Тур д’Франс“.

Велшанецот, претпоследната етапа, ја заврши на третото место, ја задржа предноста во однос на Томас Думолан и утре само треба да ја заврши последната 20.етапа за да ја прослави најголемата победа во кариерата.

Претпоследната, 19.етапа, беше хронометарот во должина од 31 километар од Сен Пе сур Нивел до Епелет. Победи Домулан со време 40:52 минути, секунда послабо време имаше минатогодишниот победник Крис Фрум, а Томас заостана за 14 секунди.

Томас, во генералниот пласман, има една минута и 51 секунда предност во однос на Думолан, додека трет е Фрум со две минути и 24 секунди послабо вкупно време од тимскиот колега Томас.

„Не можам да верувам“, било се што Томас им кажал на новинарите во целта пред да започне да плаче од среќа.

Последнта етапа, според традицијата има ревијален карактер и се вози ни Елизејските полиња.

Scroll to Top