Паула Бадоса во Индијан Велс го забележа најголемиот успех во кариерата. Таа ја освои титулата со победата на Викторија Азаренка. Исклучително драматичното финале траеше преку три часа, Бадоса славеше до 7/6, 2/6, 7/6.
Првиот сет и припадна на Бадоса, која сервираше водство во 12 гем, но не го издржа притисокот. Во тај-брејкот Шпанката беше го реализираше она што го пропушти во претходниот гем.
Вториот сет мина во апсолутна доминација на Азаренка. Два пати и го одзеде сервисот на противничката и го заклучи сетот со 6:2.
Третиот сет понуди вистонска драма, која кулминираше во завршницата, откако на почетокот тенисерките си разменија по брејк.
Азаренка дојде до 5:4 и гем во кој сервираше за титулата. Имаше Белорусинката 30:0, кога Бадоса со серија од четири поени и го одзеде сервисот.
Во тај-брејкот, Шпанката одигра далеку подобро и на крајот ја забележа најголемата победа во кариерата.