Бундеслигашот Баер Леверкузен со убедливи 4-1 синоќа славеше против Ајнтрахт Франкфурт во меч од германскиот ДФБ Куп.
„Фармацевтите“ на домашен терен комплетно го надиграа противникот и се пласираа меѓу 16-те најдобри во ова натпреварување.
Резултатот беше отворен уште во 6. минута. Гостите први поведоа со голот на Јунес.
Во 27 минута Баер израмни од пенал, стрелец беше Аларио.
Со головите на Тапсоба во 49 и на Диаби во 67 минута домаќините го решија прашањето на победникот, а точка на мечот стави токму Диаби со својот втор гол во 87 минута.
Следен противник на „Фармацевтите“ во Купот ќе е тимот на Есен кој ја елиминираше Фортуна Дизелдорф со 3-2.