Баер Леверкузен пропушти шанса да се искачи на првото место во Бундеслигата, откако во првото коло во 2021 година, загубија на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт иако имаа рано водство.
Надим Амири им донесе водство на „фармецвтите“ уште во 10-тата минута од мечот, но Ајнтрахт се вратија преку Амин Јунес во 22. минута, по што во второто полувреме, Едмонд Тапсода си постигна автогол во 55. минута за победа на „орлите“.
Баер останува на второто место со 28 поени, два помалку од лидерот Баерн Минхен, и со ист број со РБ Лајпциг, кои вечерва гостуваат кај Штутгарт. Ајнтрахт се осми со 20 поени.
Унион Берлин, пак, се искачи на четвртото место на табелата, откако со 2:0 славеа на гостувањето кај Вердер Бремен, а Борусија Менхенгладбах ја прекина лошата низа од четири меча без победа, со 1:0 триумф кај нископласираните Арминија.
БУНДЕСЛИГА, 14.КОЛО
Арминија Билефелд – Борусија Менхенгладбах 0:1
Ајнтрахт Франкфурт – Баер Леверкузен 2:1
Келн – Аугзбург 0:1
Хофенхајм – Фрајбург 1:3
Вердер Бремен – Унион Берлин 0:2