Баер Леверкузен го потврдија Чаби Алонсо како нов тренер, откако легендарниот поранешен шпански фудбалер потпиша договор до 2024 година, откако наводно добија „корпа“ од Томас Тухел.
Шпанецот имаше фантастична играчка кариера со Баерн Минхен, Ливерпул и Реал Мадрид, а ова му е прва посериозна тренерска работа, откако претходно работеше со јуниорските тимови на Реал Мадрид, а беше и тренер на Б-тимот на Реал Сосиедад.
Во Леверкузен тој ќе има вистински предизвик, бидејќи „фармацевтите“ се на претпоследното место на табелата со само една победа во првите осум меча од бундеслигашката сезона.
„Го познавам Леверкузен од моето време во Германија и знам дека се работи за фантастичен клуб. Баер 04 секогаш имале големи фудбалери и сега гледам многу квалитет во тимот. Клубот е амбициозен и мое е да ја остварам таа амбиција“, вели Алонсо.
? @XabiAlonso : "I know Leverkusen as an excellent club from my time in Germany. #Bayer04 has always had great players, I also see a lot of quality in the current squad. This task excites me a lot." pic.twitter.com/EuaWSs2H5j
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04_en) October 5, 2022