Флоријан Вирц, брилијантниот 22-годишен германски офанзивен играч за врска, се договорил со Ливерпул, во кој сака да се пресели од Баер Леверкузен. Сега чека клубовите да се договорат за да може да се пресели на „Енфилд“.
Како што објави „Билд“, првичната понуда од 135 милиони евра била одбиена од Леверкузен, тие бараат минимум 150 милиони евра.
Оваа сезона, Ливерпул веќе купи играч од Леверкузен, Џермејн Фримпонг. За Холанѓанецот „црвените“ платија 40 милиони евра.
Вирц, кој има две фантастични сезони во Леверкузен, е желба на многу клубови, но Ливерпул има предност. Челниците на Баер се свесни дека фудбалерот сака да го напушти клубот, подготвени се да преговараат, но не и да ја намалат цената, пишува „Билд“.
Доколку Ливерпул плати повеќе од 100 милиони евра, што е сигурно, тоа ќе биде најголемиот дојдовен трансфер во историјата на црвениот клуб.
Вирц, минатата сезона, тој постигна 16 гола и забележа 15 асистенции во 45 натпревари.