Холандскиот фудбалер, Тимоти Фосу-Менса ќе биде нов играч на Баер од Леверкузен. „Фармацевтите“ беа во потрага по десен бек, го најдоа на „Олд Трафорд“.
Откако се покажа дека за 23-годишниот бек нема место во Јунајтед, бундеслигашот реши да го позајми Холанѓанецот до крајот на сезоната.
Оваа сезона младиот дефанзивец одигра 3 меча и вкупно 108 минути за „ѓаволите“ во ЛШ и во Лига купот.
Ја помина младинската школа на Ајакс и со само 17 години дојде во Манчестер. Претходно беше на позајмица во Фулам, односно Кристал Палас.
Тој е еден од најперспективни дефанзивци во Европа.