Top Sport

Салах во родното село донираше боци со кислород за лекување на Ковид 19

Напаѓачот на англискиот шампион Ливерпул, Мохамед Салах донираше боци со кислород и итна помош за родното село во египетскиот регион Гарбиа, со што помага во борбата против Ковид 19.

„Во добротворната акција имаме 14 боди со кислород. Тука се за да им помогнат на луѓето во селото Нагриг (каде што Салах е роден), како и за оние од околните села. Имаме и амбулантна единица која ја изгради Мохамед Салах“ изјавил Хасан Бакр, кој е дел од добротворната организација.

Славниот фудбалер ја одржува длабоката врска со малото сиромашно село каде израснал, а кое се наоѓа на 130 километри северно од Каиро. Секоја година голгетерот на „црвените“ донира околу 64.000 долари за добротворна организација во татковината.

Во Египет има околу 150.000 заразени и над 8.000 починати како последица од коронавирусот.

И самиот Салах беше позитивен на вирусот во ноември минатата година.

Scroll to Top