Top Sport

Баер Леверкузен во 2002 беше „најлузерскиот“ тим – загуби три титули за 11 дена!

Во 2002 година, Баер Леверкузен беше еден од најдобрите европски тимови и во неверојатен период од 11 дена наместо да завршат со три титули, завршија без ниту една.

Тимот на Клаус Топмелер успеа да пропушти предност од пет поени на врвот на Бундеслигата на три натпревари пред крајот, за да завршат како втори зад Борусија Дортмунд (на 4 мај), по што следуваа болните порази во финалињата на Германскиот куп (11 мај) и Лигата на шампиони (15 мај).

Во Лигата на шампионите, импресивниот тим заврши како втор во првата групна фаза зад Барселона, а пред Лион и Фенербахче, а ги победија Барса со 2:1 дома. Во втората групна фаза тие беа први пред Депортиво Ла Коруња, Арсенал и Јувентус. Во четврт-финалето тие го елиминираа Ливерпул, а во полуфиналето и шампионите од Премиер лигата, Манчестер јунајтед со правилото гол-на -гости. Во финалето во Глазгов против Реал Мадрид, тие загубија благодарение на прекрасниот гол на Зинедин Зидан.

Тимот беше солиден на сите позиции. На голот беше Ханс Јерг Бут, а во одбраната доминираше Лусио. Во средината беа Михаел Балак и Карстен Рамелов, а во нападот беа Јилдирај Баштурк и Оливер Нојвил. Младиот Димитар Бербатов беше на клупата во финалето, а Зе Роберто беше повреден.

Тие, за жал, не успеаја да ги заддржат најдобрите фудбалери, откако Баерн Минхен ги грабаа Балак и Зе Роберто.

Scroll to Top