Шампионот на Германија, минхенски Баерн одигра уште еден одличен меч на гостувањето во Диселдорф, кај екипата на Фортуна. Баварците славеа победа со 4-0 под водство на новиот тренер Ханс Флик.
Баерн дојде во водство многу рано, уште во 11 минута со голот на Павард. Во 24 минута прецизно стрелаше и Толисо за 0-2, а победата беше најавена уште во 37 минута, кога Гнабри погоди за 0-3.
Точка на мечот стави Кутињо со погодокот во 70 минута.
Во прилог на Баварците им оди и поразот во Берлин, кај екипата на Унион на лидерот на табелата во Бундеслигата, Борусија Менхенгладбах. Стрелци на двата гола за 3 бода за берлинската екипа беа Ујах во 15 и Андерсон во 92 минута.
Во останатите денешни дуели од 12 коло Волфсбург славеше со 2-0 нагости во Франкфурт, кај Ајнтрахт Ајнтрахт.
Шалке 04 исто така забележа гостинска победа во Бремен, кај Вердер со 2-1, а нерешено 1-1 заврши дуелот меѓу Баер Леверкузен и Фрајбург.