Top Sport

Ден за гостински победи во Премиерлигата, 6 победи од 7 меча (видео)

Европскиот шампион, Ливерпул продолжува во исто темпо во Премиерлигата. Нова победа за „црвените“ за зацврстување на лидерската позиција.

Попладнево избраниците на Јирген Клоп славеа со 2-1 на гостувањето кај Кристал Палас. Домаќините имаа повеќе од играта во првиот дел, но Ливерпул на почетокот на вториот дел се консолидираше и со голот на Садио Мане поведе со 0:1.

Палас со голот на Заха израмни на 1:1 во 82 минута, а Фирмино по само 3 минути погоди за конечни 1-2.

Одлична сезона има и Лестер кој денеска победи кај Брајтон со 0:2. Двата гола вредни 3 бода беа дело на Перез и Варди.

Кикс на Арсенал во Лондон. „Топчиите“ имаа негатива на „Емирати“ од 1-2 од претпоследниот Саутемптон, па Французинот Александер Лаказет спаси бод (мечот заврши 2-2) со голот во 96 минута.

Денеска досега се одиграа 7 меча во Премиерлигата, па освен бодот што Арсенал го освои на домашен терен, на сите 6 други меча гостинските екипи го собраа целиот плен.

Борнмут – Вулверхемптон 1-2
Евертон – Норич 0-2
Ватфорд – Барнли 0-3.

Претходно,

Вест Хем – Тотенхем 2-3

Scroll to Top