Top Sport

Баерн безмилосни против Салцбург, Интер не успеа да направи подвиг на „Енфилд“

Баерн Минхен и Ливерпул се првите четврт-финалисти во Лигата на шампионите, откако имаа два различни мечеви во реваншите – Ливерпул изддржа за 0:1 пораз од Интер по гостинската 2:0 победа, додека Баерн по 1:1 ремито на гости, дома го „уништи“ Салцбург со 7:1.

Баерн Минхен по неубедливите 1:1 на гости кај Австрија, го декласираше Ред бул Салцбург со 7:1, предводено од неверојатниот хет-трик на Левандовски во првите 23 минути од мечот, кога се реши патникот во четврт-финалето.

Левандовски прво беше соборен во 12. минута, кога го реализираше првиот пенал, за девет минути подоцна да биде досуден уште еден пенал, кој Полјакот сигурно го реализираше, и само две минути подоцна во 23. минута го комплетираше хет-трикот за нов рекорд во ЛШ. До крајот на полувремето, во 31. минута од мечот Серж Гнабри зголеми на 4:0, решавајќи ги сите дилеми околу пласманот.

Но, тоа не значеше дека Баварците ќе застанат. Томас Милер во 51. минута зголеми на 5:0, за во 72. минута, Мауритс Кјергард да даде почесен гол за гостите. Томас Милер во 83. минута го постигна шестиот гол, а три миути подоцна Лирој Сане ги постави конечните 7:1.

На „Енфилд“, пак, возбудата почна во второто полувреме, кога Лаутаро Мартинез ја скрши „клетвата“ во Лигата на шампионите, постигнувајќи фантастичен гол во 62. минута за Интер да дојде на еден гол од продолженија. За жал, само една минута подоцна, во 63. минута, Алексис Санчез да направи втор груб фаул и да добие втор жолт картон и да ги остави „нераѕурите“ со половична сила во момент кога требаа да бркаат резултат.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ, ВТОР МЕЧ

Ливерпул – Интер 0:1, прв меч 2:0, вкупно 2:1

Баерн Минхен – Ред бул Салцбург 7:1, прв меч 1:1, вкупно 8:2

Scroll to Top