Баерн Минхен и покрај најавите дека Роберт Левандовски ќе остане во клубот, може да остане без најдобриот стрелец во летниот преоден рок.
Полјакот неколку пати го искажа незадоволството бидејќи се уште не добил понуда од клубот да го продолжи договорот. Актуелниот договор му истекува на 30.јуни 2023 година.
Според германските медиуми, Баерн му нудат нов договор, кој во финансискиот дел е ист како и постоечкиот. Клубот може да издвои на неговата плата 24.000.000 евра на годишно ниво. Левандовски не бил задоволен од понудата, барал повеќе пари.
„Кикер“, објави дека понудата на Баерн е конечна, клубот нема да оди преку оваа сума. Исто така според овој извор, Баерн може и да го продаде напаѓачот во летниот преоден рок.
Наводно услов бил во клубот да стигне понуда од најмалку 40.000.000 евра.
Според шпекулациите најголем интерес за Левендовски покажале од Барселона. Прашање е само каде Барса ќе најде пари за да ја обезбеди платата на Левендовски.