Top Sport

(Видео) Баерн чекпр поблиску до титулата, а Унион Берлин до Лигата на шампионите

Домашните тимови победија првите пет натпревари кои се одиграа попладнево во Премиер лигата. Баерн Минхен направи уште еден голем чекор кон одбрана на титулата. Баварците го декласираа Шалке. Победи забележаа и Бојум, Ајнтрахт, Унион Берлин и Волфсбург.

Баварците без многу потешкотии го забележаа третиот последователен триумф благодарение на двата гола на Серж Гнабри, а со колкава предност ќе влезат во последните две кола зависи од исходот на „Милионерите“ кои вечерва играат против Борусија Менхенгладбах (18: 30).

Шалке падна на 16. позиција со 30 бодови, што води во баражот за опстанок, додека Бохум побегна од опасната зона благодарение на победата од 3:2 против Аугсбург.

Унион Берлин е се поблиску до пласман во Лигата на шампионите откако со 4:2 го совлада директниот конкурент за Топ 4, Фрајбург. Тимот од главниот град го забележа првиот триумф на последните три натпревари и со 59 бодови е трет на табелата со два бода повеќе и натпревар повеќе од Лајпциг и три од денешните ривали.

Унион на полувремето имаше три гола предност со головите на Берхенс и Бекер (два), Гулде и Грифо го намалија резултатот на 3:2, а Лаидуни со гол во 80. минута обезбеди три бода за домашниот тим.

Ајнтрахт го совлада Мајнц со 3:0 со головите на Камада во 18. минута, Бута во 40. минута и Коло Муани во 59. минута, додека Волфсбург со 2:1 го победи Хофенхајм.

Победа за избраниците на Нико Ковач донесоа Камински со гол во 15. минута и Валдшмит во 75. минута, а автогол во 90+3 постигна Гулавоги. Вулвс се шести со 49 бодови, а Хофенхајм е 14. со четири бода и натпревар повеќе од Штутгарт, кој е во зоната за испаѓање.

Scroll to Top