Top Sport

Баерн добива жестока конкуренција во трката за Сане

Лирој Сане, минатото лето, во финишот на преодниот рок се наоѓаше пред трансфер во Баерн Минхен. Трансферот не се случи бидејќи Сане се повреди на првиот меч во сезоната, дуелот во Суперкупот на Англија. Поради таа повреда германскиот репрезентативец се уште нема одиграно натпревар сезонава.

Иако е повреден интересот на Баерн за Сане не престанал. Баварците ќе се обидат да го донесат во претстојниот преоден рок. Според „Билд“, спортскиот директор на Баерн Хасан Салихамиџиќ имал средба со луѓето од агенцијата „ЛИАН Спортс“ која од 1 април ќе се грижи за кариерата на Сане.

Наводно Баерн на фудбалерот му нудат пет годишен договор со плата поголема од онаа што ја заработува во Манчестер сити. Геранецот во Сити годишно инкасира пет милиони евра.

Целиот трансфер би требало да изнесува околу 100 милиони евра.

Баварците ќе се обидат што е можно поскоро да се договорат со фудбалерот и да го обезбедат неговиот потпис. Имаат причина да направат вакво нешто, бидејќи Шпанците пишуваат дека во трката за Сане би можеле да се впуштат Реал и Барселона.

Scroll to Top