Најтрофејниот германски клуб, Баерн Минхен, на секој чекор ја покажува за каков фудбалски гигант станува збор.
Клубот од Минхен, седум недели пред почетокот на новата сезона во Бундеслигата, ги продал сите билети.
Нема ниту еден билет за мечевите што Баерн ќе ги игра на својот стадион, но и за оние на кои ќе гостува.
Стадионот на Баерн е со капацитет од 75.000 места, а клубот според законот е должен да остави неколку стотина билети, што ќе можат да се купат на денот на одигрувањето на натпреварот.
Покрај билетите за натпреварите во Бундеслигата, Баерн ги продал и сите билети за дуелите што тимот ќе ги игра во Купот на Германија.
Баерн, новата сезона ќе ја отвори на 24.август, кога во Минхен ќе гостува Хофенхајм.