Top Sport

Баерн го декласира Штутгарт, Халанд ја спаси Борусија од пораз

Баерн за едно полувреме, со играч помалку, го прегази Штутгарт во 26.коло, додека Ерлинг Халанд во 90.минута ја спаси Борусија Дортмунд од пораз во Келн. Значајни победи во борбата за пласман во Лигата на шампионите забележаа Ајнтрахт над Унион Берлин и Волфсбург во Бремен, против Вердер. Во ова коло хет-трик постигна Роберт Левандовски, а по два гола постигнаа Халанд за Дортмунд и Андре Силва за Ајнтрахт.

Баерн против Шутгарт ја демонстрираше својата надмоќ над ривалите во Бундес лигата. Баварците во 12.минута останаа со играч помалку на теренот, Дејвис доби директен црвен картон.

Баварците потоа во период од 20.минути постигнаа три гола. Од 18. до 38. минута Левандовски постигна три гола, а еден Гнабри.

Халанд ја спаси Борусија од пораз во Келн, со голот во 90.минута, натпреварот заврши 2:2. Норвежанецот го постигна првиот гол на мечот во третата минута, а потоа Келн направија пресврт преку Дуда и Јакобс.

Андре Силва, постигна два гола, вкупно 21 во Бундес лигата, во победата на Ајнтрахт над Унион Берлин 5:2, а Волфсбург славеа во Бремен со 2:1.

Scroll to Top