Баерн Минхен успеа да го договори трансферот на Бенжаман Павар, кој во неделата со Франција стана светски првак. Павар во Минхен ќе се пресели од наредната сезона, 2019/2020.
Споресткиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, успеа да ја реализира откупната клаузула во договорот на фудбалерот и за 35 милиони евра го носи Павар во Минхен.
Павар за само две години успеа да миен неверојатен пат. Во 2016 година Штутгарт на Лил му плати пет милиони евра за десниот бек. Таа сезона Штутгарт играѓе во втората Бундеслига, а откако се врати во Бундеслигата, минатата сезона го освои шестото место.
Добрата сезона му донесе најпрвин повик, а потоа и место во репрезентацијата на Франција која настапи на СП во Русија. Павар настапи на пест од седумте натпревари што ги одигра Франција, а во победата против Аргентина постигна еден од најубавите голови на првенството.