Top Sport

Убиен спортскиот миленик на Казахстан

Казахстанецот Денис Тен, кој на Олимписките игри во Сочи во 2014 година, освои бронзен медал во уметничко лизгање, бил убиен во Алмати, соопштија казахстанските власит.

25-годишниот Тан, бил усмртен од двајца крадци кои се обидувале да му ги украдат ретровизорите на автомобилот. Несреќниот спортист неколку пати бил прободен со нож.

Тан бил хоспитализиран, но изгубил многу крв и починал по три часа откако бил примен во болницата во Алмати.

„Ужасно е ова што се случи. Ова е голам тага за неговите родители и сите оние што го познаваа Денис. Сите многу го сакаа и почитуваа“, рекол министерот за спорт и култура на Казахстан, Арјастанбек Мухамедиуи.

Тан има освоено медали и на светските шампионати, има сребро во 2015 и бронза во 2015 година.

Scroll to Top