Top Sport

Баерн го донесоа и седмото засилување – Буна Сар од Марсеј

Баерн Минхен го донесоа седмото засилување во летниот преоден рок, откако се договорија со Марсеј за трансферот на бекот Буна Сар од Марсеј за 10 милиони евра.

28-годишниот дефанзивец потпиша договор до 2024 за да стане четврто засилување во два дена за европскиот шампион, по Марк Рока од Еспањол, Ерик-Максим Чупо-Мотинг како слободен играч и Даглас Коста на позајмица од Јувентус. Покрај тоа, ова лето, Баерн ги купија Лирој Сане од Манчестер сити, како и двајца слободни играчи – голманот Александер Нибел и дефанзивецот Танги Куаси.

Сар претходно играше и за Мец и Лион, пред да пристигне на „Велодром“ во 2015 и оттогаш да има 181 настап и 8 гола за Марсеј.

„Среќен сум што доаѓам во голем клуб како Баерн. За мене ова е остварување на сонот и се надевам дека ќе освојуваме титули“, вели Сар.

Scroll to Top