Top Sport

Баерн го купија голманот Јан Зомер

Баерн Минхен го комплетираа трансферот на швајцарскиот голман Јан Зомер од Борусија Менхенгладбах за 8 милиони евра, откако нивниот ветеран Мануел Ноер ја скрши својата нога при пад на скијање.

Баерн неколку недели бараа замена за Ноер, пред да се договорат со Гладбах, кои според „Билд“ одбиле четири понуди на Баварците, пред да се согласат откако тие ја удвоиле понудата и платиле 8 милиони евра за 34-годишниот Швајцарец.

Иако има 36 години, Ноер останува клучен играч на Баварците и би требало да се врати за уште една сезона со Баерн, така шо Зомер е само привремено решение.

Scroll to Top