Две години по рекордниот трансфер на Танги Ндомбеле тој е на излезна врата во Тотенхем. Клубот од Лондон, според пишувањата на британските медиуми, е решен да го продаде, но сакаат „петлите“ и да си вратат поголем дел од вложените пари.
Баерн Минхен со понуда – го нудат Корентин Толисо и 20 милиони евра за Ндомбеле.
Дојде пред 2 години како големо засилување за Спарси, за 63 милиони евра, како награда за тогашниот менаџер Маурисио Покетино за пласманот во финалето на ЛШ.
Ндомбеле, кој дојде во Лондон од Лион дури под палката на Жозе Мурињо покажа дел од своите квалитети, но само на моменти.
Сега, со новиот менаџер на Тотенхем, за Ндомбеле нема место во тимот, па Управата сака да го продаде, но само ако некој понуди 60 милиони евра.