Top Sport

Баерн го потврдија трансферот на Сане

Германскиот репрезентативец Лирој Сане потпишал пет годишен договор со Баерн. Трансферот на крилниот напаѓач во петокот го потврди клубот од Минхен.

Сане потпишал договор до 30 јуни 2025 година, тој наредната недела ќе им се приклучи на соиграчите на подготовките за новата сезона.

Сане во Баерн пристигна од Манчестер сити чии член беше од 2016 година.

Баерн за Сане на Сити им платиле 54,8 милиони фунти. Медиумите шпекулираат дека фудбалерот во Минхен ќе има годишна плата од 17 милиони евра.

Scroll to Top