Top Sport

Баерн го потврдија трансферот на Упамекано

Она што медиумите го најавија пред неколку дена, денес доби официјална потврда, Дајот Упамекано од 1.јули ќе биде играч на Баерн Минхен.

Упамекано потшишал договор со најтрофејниот германски клуб до 30.јуни 2026 година.

„Среќни сме што успеавме да го донесеме Дајот Упамекано. Дајот ќе биде важна компонента за нашиот тим во наредните години, уверени сме во тоа“, соопштија од Баерн.

Баерн решија да ја активираат откупната клаузула, која Умапекано ја има во договорот со Лајпциг. Трансферот на 22-годишниот дефанзивец изнесува 42,5 милиони евра.

 

Scroll to Top