Баерн Минхен објави дека го одобрил трансферот на левиот бек Хуан Бернат во редовите на францускиот шампион ПСЖ. Комплетниот трансфер изнесува 14 милиони евра, а Шпанецот во текот на денот треба да го потпише договорот.
ПСЖ конечно успеа да пронајде лев бек, откако не успеаја да се договорат со Атлетико Мадрид за Фелипе Луис.
До денес „висеше“ и трансферот на Бернат, бидејќи ПСЖ се обидуваше да ги намали финансиските барања на фудбалерот, но на крајот сепак клубот се согласил Бернат да ги добие бараните пет милиони евра по сезона.
Бернат во Баерн мина четири сезони, одигра 111 натпревари и постигна пет гола.