Top Sport

Спа Франкошамп: Хамилтон доминантно до пол-позицијата

Лидерот во генералниот пласман, Луис Хамилтон, ја освои пол-позицијата во пресрет на утрешната трка за големата награда на Белгија. Британецот, во последниот круг, по влажната патека успеа да оствари време 1:58.179, што му ја донесе петтата пол-позиција на Спа Франкошамп, вкупно 79. во кариерата.

Хамилтон, во последната квалификациска сесија, максимално ги искористи условите што ги создаде дождот, откако во првата и втората сесија на патеката доминираа пилотите на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен.

Фетел на крајот ја освои втората позиција со седум десетинки полошо време од освојувачот на пол-позицијата.

Вистинска сензација, во квалификациите, приредија пилотите на Фрорс Индија, тим што изминатите недели имаше огромни проблеми. Вториот ред на стартот им припадна на Себастијан Окон и Серхио Перез.

Зад најдобрата четворка трката ќе ја стартуваат Роман Грожан (Хас), Кими Раиконен (Ферари), двајцата возачи на Ред Бул, Макс Верстапен и Даниел Рикардо, односно Кевин Магнусен (Хас) и Валтери Ботас (Мерцедес).
Трката за големата награда на Белгија, в недела, ќе започне во 15:10 часот.

Scroll to Top