Top Sport

Баерн го сака Алегри за тренер

Масимилијано Алегри е прв избор на челниците на минхенски Баерн за тренер на првиот тим во наредната сезона.

Баварците минатиот месец му врачија отказ на Карло Анчелоти, а како замена од пензија клубот го врати Јуп Хајнкенс. Сепак овој легендарен тренер треба да биде само привремено решение, односно ќе остане на клупата само до крајот на сеозната.

„Билд“ покрај со името на Алегри, изминатите неколку дена шпекулира и со името на поранешниот тренер на Борусија Дортмунд Томас Тухел, како можен тренер на Баерн, додека најмалку шанси му се даваат на младиот тренер на Хофенхајм, Јулијан Негелсман.

Алегри спаѓа во елитната група на европските тренери, тој со Јувентус освои три титули во низа во Серија А и успеа два пати во последните три години да стигне до финалето во Лигата на шампионите.

Scroll to Top