Top Sport

Баерн го суспендираше Толисо поради тетовирање

Баерн Минхен вчера без многу драма со 4-1 славеше против Хофенхајм, но драмата се одвивала пред мечот. Францускиот репрезентативец Корентин Толисо бил исфрлен од составот, причина за тоа е неговата нова тетоважа.

Играчот од среден ред е суспендиран, објавија од Баерн. Тој на друштвените мрежи објавил снимка како се тетовира, со што ги прекрши мерките за заштита од коронавирус објавени од Бундеслигата.

Среќни сме што мечевите од Бундеслигата може да се играат со оглед на ситуацијата, но услов за тоа е играчите, тренерите и сите останати вработени во клубовите да се држат до мерките за заштита. Толисо ги прекрши, тоа е фрустрирачки и нема тоа да го толерираме“ се вели во соопштението потпишано од извшниот директор на клубот, Карл-Хајнц Румениге.

Фудбалерот во меѓувреме се извини за својот потег, но извинувањето не го спаси од суспензија.

Scroll to Top