Top Sport

Баерн и „официјално“ во куп-финалето влезе со спорен пенал (видео)

По контроверзната 3:2 победа на Баерн Минхен на гости кај Вердер Бремен за пласман во ДФБ купот, каде што ќе играат со Лајпциг, дури и Германската фудбалска федерација (ДФБ) призна дека пеналот со кој Баварците дојдоа до триумфот е „грешка“.

Баерн водеше со 2:0, пред Вердер за само една минута да израмни на 2:2, пред во 80. минута, судијата Даниел Зиберт да оцени дека Гебре Селасие го фаулирал Кингсли Коман за пенал.

Според одговорниот за ВАР-технологијата во Германија, Јохен Дрес, се работело за недоволно добра комуникација помеѓу главниот судија и ВАР-одделот.

Scroll to Top