Top Sport

Баерн капитулираше во Мајнц

Агонијата на Баерн Минхен продолжи и во 29.коло од Бундес лигата. Баварците загубија во Мајнц со 3.1 и му ја отворија вратата на Дортмунд да го преземе врвот на табелата со евентуална победа против Ајнтрахт.
Баерн, во првото полувреме доминираше, создаваше шанси, но постигнаа само еден гол, преку Мане, кој во 29. минута погоди со глава за центаршут на Кансело. Во првиот дел се повреди Алфонсо Дејвис, за кого веројатно заврши оваа сезона.

Во вториот дел на Баерн му се случи дебакл. За само 15 минути од 65. до 80. минута Мајнц постигна три гола.

Ајрк прв погоди по несмасна реакција на одбраната во 65. минута, Бареиро круниса одлична акција во 73. минута, а точка стави Мартин со одличен гол.

Баерн се уште води, но има само два бода пред Дортмунд кој има натпревар помалку.

Во другите натпревари Волфсбург како гостин го декласираше Бохум со 5:1. Сванберг, Камински и Вимер веќе во првото полувреме му донесоа на Волфсбург огромни 3:0, до крајот на мечот Сванберг и Валдшмит уште еднаш ја погодија мрежата на Бохум, додека почесниот гол му припадна на Брошински.

Брилијантниот Мартин Дукш со три гола беше јунакот на победата на Вердер од 4:2 против Херта во Берлин. За тимот од Бремен погоди и Вајзер, а дебаклот на домашните го ублажија Нгакам и Лукебакио.

И Келн славеше на гости кај Хофенхајм со 3:1. Погодија Кејнц, Селке и Тилман, а Долберг во самиот финиш го постигна единствениот гол за Хофенхајм.

Scroll to Top