Фудбалскиот клуб Баерн не се откажува од трансферот на Хари Кејн. Досега Тотенхем одби две понуди, од 70 и 80 милиони евра. Првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви, од Баерн бара 100 милиони евра за својот најдобра играч и стрелец.
За да обезбеди пари за трансферот на Кејн, Баерн планира да продаде најмалку седум играчи во летниот преоден рок.
Раководството на Баерн во договор со тренерот Томас Тухел, ја составија трансфер-листата, на која се: Буна Сар, Александар Нибел, Јан Зомер, Марсел Сабицер, Бенџамин Павард, Садио Мане и Рајан Гравенберг.