Top Sport

Баерн ќе го казни Рибери: Не можеме да прифатиме такви зборови

Баерн Минхен објавија дека „жестоко ќе го казнат“ Франк Рибери за неговото пцуење на социјалните мрежи, откако францускиот ветеран се „бранеше“ за јадењето на „златен“ бифтек.

Рибери во саботата влезе во остар напад на Твитер и Инстаграм против своите критичари за бифтекот похуван во 24-каратна златна прашина на славниот готвач Нусре Гокче во Дубаи (со цена од 1.200 евра), пцуејќи го целото семејно стебло на тие кои се дрзнаа да зборуваат за овој луксуз.

„Разговарав со Франк и му кажав дека ќе добие жестока казна и тој го прифати тоа. Тој користеше зборови, кои ние како Баерн Минхен не можеме да ги прифатиме и тој нема право да ги користи како примерен фудбалер на клубот“, изјави спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.

Салихамиџиќ исто така посочи дека Рибери не ги платил 1.200 долари за вечерата, бидејќи бил поканет како гостин на  ресторанот.

„Франк беше шиканиран и навреден и тоа не само тој, туку и неговата бремена жена, неговото дете и неговата мајка, која во моментов е во болница. Франк сакаше да се одбрани себеси и своето семејство. Тој го има правото, но за жал ја загуби контролата“, вели Салихамиџиќ.

Овој испад на Рибери доаѓа помалку од два месеци откако напаѓачот го навредуваше францускиот ТВ-коментатор по 3:2 поразот од Борусија Дортмунд. Во Франција, Рибери не е многу сакан, најмногу поради тоа што јавноста верува дека тој бил водач на штрајкот на француските фудбалери за време на СП во Јужна Африка во 2010 година, додека во Германија тој е познат како „Кралот Франк“, бидејќи од 2007 година со Баерн освои титула од ЛШ (2013) и осум трофеи од Бундеслигата.

Рибери со простачки коментар за критичарите (Фото)

Scroll to Top