Top Sport

Баерн ќе го откупи договорот на Хамес Родригез

Колумбиецот Хамес Родригез наскоро целосно ќе стане играч на минхенски Баерн, откако Баварците решиле да го откупат неговито договор од Реал, пренесе „марка“.

Најдобриот стрелец на Светското првенство во Бразил, во авуст минатата година се пресели во Минхен како позајмен играч, со можност Баерн по завршувањето на сезоната целосно да го откупи неговиот договор.

26-годишниот играч успеа да се вклопи во филозофијата на Баерн, во Бундеслигата настапил досега на 18 натпревари, успеал да постигне пет гола и девет пати да асистира. Поради тоа раководството на Баерн решило да го откупи неговиот договор.

Трансферот на Хамес ќе изнесува 42 милиони евра, што значи дека Баерн ќе треба да му доплати на Реал уште 29 милиони евра, бидејќи минатото лето го позајмија на две сезони за 13 милиони евра.

Scroll to Top