Баерн Минхен открија планови за дополнително „разубавување“ на нивниот прекрасен стадион „Алијанц арената“.
Стадионот е дом на Баерн од отварањето во 2005 година, но лидерите во Бундеслигата до 2017 година го делеа стадионот со 1860 Минхен, кои се преселија на својот стадион „Грунвалдер“ по испаѓањето во третата германска лига.
Баерн ќе го искористи ситуацијата во која е единствен „газда“ на „Алијанц“ за да замени дел од столчињата и да ја направи атмосферата „полична“ со мотото „миа сан миа“, или „ние сме тие кои сме“.
Со новиот дизајн логото и името на Баерн ќе бидат отсликани на седиштата, а работата треба да заврши на крајот на сезоната.
Баерн ќе бидат крунисани германски шампиони шеста сезона во низа овој викенд ако победат во дербито со Борусија Дортмунд, но и ако второпласираните Шалке не успеат да го победат Фрајбург.
It’s been a long time coming, but we’ll finally have #FCBayern colors at the #AllianzArena!
What do you think of the new look? ?⚪ #MiaSanMia pic.twitter.com/4Dzah7mFaL
— FC Bayern US (@FCBayernUS) March 29, 2018