Top Sport

Баерн ќе пазари во Манчестер, пронајде наследник на Мануел Ноер

Младиот англиски голман Дин Хендерсон (21) кој е играч на Манчестер Јунајтед пратен на позајмица во Шефилд игра одлична сезона, па го привлече вниманието на неколку силни фудбалски клубови.

Иако чуварот на мрежата е на радарот на Арсенал, Јуве и Тотенхем, сепак, како што пренесуваат германските медиуми, најголем интерес за него пројавува Баерн Минхен.

Баварците меѓу стативите го имаат репрезентативниот чувар Мануел Ноер (32) кој во моментов е повреден, па сега прв голман во клубот кој секогаш има високи амбиции е 30-годишниот Улрих Свен.

Хендерсон има договор со Јунајтед 2+1 години потпишан лани, но по се изгледа набрзо ќе ја промени средината.

Еве дел од интервенциите на младиот голман:

Scroll to Top