Top Sport

Црногорецот Стефан Савиќ е прв пик за дефанзивата на Јувентус

Јувентус на последните два натпревари прими 6 гола, по 3 од Аталанта и Парма, по што претседателот Андреа Ањели отворено ја критикуваше одбраната и најави промени налето.

На „Старата дама“ и е неопходен стопер кој ќе донесе квалитет, а кој ќе може да биде столб на одбраната во наредните 5-6 години затоа што Бонучи има 31, а Киелини 34 години, коментираат италијанските медиуми.

Од Шпанија доаѓа информацијата дека прв пик на Јуве за дефанзивната линија е Црногорецот Стефан Савиќ (28) кој е столб на одбраната на мадридски Атлетико.

Савиќ ја игра четвртата сезона во Мадрид каде настапи на 134 средби и притоа постигна еден гол. Талентот на Црногорецот дојде до израз во Фиорентина каде настапуваше од 2012 до 2015 година.

Scroll to Top