Минхенски Баерн му понуди на Јувентус 80 милиони евра за трансфер на аргентинскиот фудбалер Паоло Дибала, пренесува „Кориере дело спорт“
Информациите од Италија се дека „Старата дама“ бара уште најмалку 20 милиони евра повеќе од Баварците, со оглед на тоа дека голем интерес за Аргентинецот има и од Манчестер Јунајтед.
Дибала во сезоната што неодамна заврши немаше место во почетниот состав на италијанскиот првак, што се поврзува со доаѓањето на Кристијано Роналдо во Торино. Затоа Дибала е на излазна врата од Јуве.
Ја одигра најслабата всезона во петте години колку што го носи „црно-белиот“ дрес, постигна само 10 гола. И покрај тоа за него има интерес од повеќе европски фудбалски гиганти.
Баерн прави реконструкција на играчкиот кадар по заминувањето на Рибери и Робен. Баварците досега успеаја да ги ангажираа Лукас Ернандес од Атлетико Мадрид за 80 милиони евра, Французинот Бенџамин Павар од Штутгарт за 35 милиони и Јан-Фете Арпа од Хамбург за 3 милиони евра.