Top Sport

Лејкерси ги дрма скандал: Меџик Џонсон злоставувал вработени во клубот!?

Скандал поврзан со легендарниот НБА играч Меџик Џонсон ги полни страниците во САД.

ЕСПН открива дека сега веќе екс-претседателот на Лос Анџелес Лејкерс злоставувал вработени во клубот
Информациите се дека Џонсон со застрашување и класичен мобинг градел авторитет пред вработените, а повеќе од 20 сегашни и поранешни вработени во Лејкерс ја потврдиле истата информација.

Ситуацијата ескалирала, па некои од малтретираните пиеле и лекови за смирување.

„Секој ден одиш на работа со ужасно чувство. Тешко е да се избројат нападите на паника последните години поради сите сра.а што се случуваа“ – вели еден од вработените.

Екс-кошаркарот се обидел да се „извади“ од целата ситуација.

„Мислите дека Џини Бас (газдата на Лејкерси) би дозволил јас да злоставувам вработени? Мислите дека Џо Мекормак (адвокатот на клубот) не би реагирал? Тоа никогаш не се случило. Јас сум личност која ги обединува луѓето, сите вработени. Никогаш не сум малтретирал никого“ – порача Меџик Џонсон.
http://www.espn.com/nba/story/_/id/26821790/lakers-20-failed-reboot-nba-crown-jewel

Scroll to Top