Top Sport

Баерн Минхен го купува Каи Хаверц за 60 милиони евра

Напаѓачот на Челси, Каи Хаверц, би можел да се врати во Бундеслигата ова лето. Според информациите на „Скај Германија“, Баерн Минхен, е подготвен да го купи 23-годишниот Германец за 60 милиони евра. Клубот веќе подолго време ги следи настапите на играчот.

Времето на Хаверц во Челси најмногу ќе се памети по неговиот гол во финалето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити во 2021 година. Со овој гол на лондонските „сини“ им го донесе вториот трофеј во Лигата на шампионите.

Германскиот репрезентативец е најдобар стрелец на Челси во Премиерлигата со пет гола.

На табелата во Бундеслигата води Баерн со 34 бодови.

Scroll to Top