Суперагентот Жорге Мендеш, еден од најмоќните менаџери на фудбалерите, му го понуди на Баерн својот најпознат клиент Кристијано Роналдо. Тоа го направи помалку од една година откако Кристијано Роналдо (37) се врати во Манчестер Јунајтед, каде минатата сезона постигна 24 гола на 39 натпревари.
Португалската ѕвезда сака да игра во Лигата на шампионите и да се бори за титулите, а се сомнева дека тоа ќе биде можно со Јунајтед во новата сезона.
Сепак, Баерн Минхен го одбиле овој предлог од пет причини.
„Веднаш беше свикан состанок на највисоките функционери на клубот во седиштето на Баерн. Сепак, тој беше краткотраен и по него немаше повеќе разговори или преговори со Мендеш“, открива „Скај Германија“.
Евентуалниот договор со Роналдо комплетно би ја урнал структурата на платите на Баерн Минхен, или како што пишуваат Германците – „хигиена на плата на тимот“.
Баерн инсистира на играчи кои можат да играат висок пресинг и постојано трчаат, а Роналдо не може и не сака поради годините и недостатокот на волја.
Баерн не сака суперѕвезда која е поставена над клубот, а Роналдо особено би се обидел да ја наметне својата волја и авторитет, бидејќи таму младиот тим го води тренерот Нагелсман, кој е три години помлад од Роналдо.