Челниците на Баерн Минхен, по натпреварот со Црвена ѕвезда во Лигата на шампионите, планирале да ги започнат преговорите со Маурисо Покетино, околу евентуалниот ангажман.
Баерн пред три недели го отпуштија тренерот Нико Ковач, а до именувањето на новиот тренер екипата ја предводи Ханс Флик. Со него Баварците имаат три победи со гол разлика 10:0.
Наводно, Покетино се согласил да преговара, иако не било сигурно дека ќе ја добие работата.
Најголем конкурент на Аргентинецот, според медиумите, ќе му бил Ерик тен Хаг тренерот на Ајакс.
Тен Хаг имал желба да го преземе Баерн, но дури по завршувањето на сезоната, а слично размислувал и Покетино.